Промени и во ростерот на ТФТ кој е засилен со Давид Хогтон, поранешниот кошаркар на Пелистер кој доаѓа како големо засилување на високата позиција која беше најголем проблем на „црно-белите“ уште од стартот на сезоната по неадекватниот ангажман на Крис Тавиа.
Искусниот трисетиедногодишен Американец имаше одличен настап за вицешампионот претходната сезона во која бележеше просек од 7.7 поени и 4.3 скока на домашната сцена, односно 8.3 поени и 4.5 скока во АБА2 лигата и се очекува да биде клучно засилување за скопскиот тим на кој му претстои настап на регионалната сцена.