петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мукоко во Дортмунд до 2026 година

Мукоко во Дортмунд до 2026 година

Екипата на Борусија Дортмунд потпиша нов договор со Јусуфа Мукоко. Големиот талент сакаше да си оди, беше мета на многу клубови кои го сакаа во новата сезона затоа што по крајот на сезоната му истекуваше договорот, но повеќе нема такво нешто.

Мукоко стави потпис на нов договор со бундеслигашот до 2026 година. Мукоко дебитираше за Дортмунд во 2020 година и за „милионерите“ одигра 44 меча на кои даде 11 гола.