среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Николиќ: МЗТ дава отпор на најдобрите на Балканот, а за публиката немам зборови

Николиќ: МЗТ дава отпор на најдобрите на Балканот, а за публиката немам зборови

На прес-конференцијата по натпреварот со Будуќност се обрати тренерот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ.

„На прво место, одигравме навистина богат натпревар, со добри кошаркарски потези, акции и слично. Би му честитал на Будуќност на победата. Верував дека можеме да изненадиме вака добар ривал. Многу ни недостигаа повредениот Кук и болните Миќовиќ и Пандев. Будуќност е едно ниво повеќе, тим кој прави резултати во Еврокупот. Му честитам на мојот колега на спротивната страна. Од една страна ми е многу жал што мојата екипа загуби, сакав оваа победа да им ја посветам на моите покојни родители, бидејќи играв на нивната слава. Ретко кога сум доживеал да добијам ваков аплауз, од целата сала при пораз. Тоа скандирање од публиката не го доживува секој тренер, навистина ми е мило што го доживеав.

Не дојдов тука да зборувам само дека МЗТ Скопје има најтежок распоред. Дојдов за да ги исполниме заедничките цели. Во моментов ситуацијата е таква, каква што е. Ќе се обидам позитивното да го пренесам на играчите. Пред да дојдам МЗТ Скопје на одредени натпревари немаше среќа, Петровиќ е вистинска легенда на клубот, па не сакам да коментирам за минатото. Ако играчите продолжат со оваа енергија, јас верувам дека ќе успееме да дојдеме до посакуваните резултати. Можеби ќе се свртиме кон уште едно засилување, ама тоа понатаму. Благодарен сум на Гостивар, кој прифати да се одложи натпреварот пред за нас тежок пат во АБА лигата“.