петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Модриќ ги бакнуваше костобраните пред да влезе во игра (ВИДЕО)

Модриќ ги бакнуваше костобраните пред да влезе во игра (ВИДЕО)

Лука Модриќ во 73. минута влезе на вчерашниот меч на Реал Мадрид против Атлетик Билбао на Сан Мамес, а во очи на шпанските медиуми им падна еден негов ритуал кој го направи.

Пред да влезе во игра, Модриќ седејќи на клупата беше снимен како го бакнува костобранот пред да го намести на ногата.

Тоа е негов ритуал за среќа, на костобранот се наоѓаат слики од неговите три деца, сопругата и Исус.