недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фан на Атлетик побара гума за џвакање од Анчелоти, реакцијата на Дон Карло е легендарна (ВИДЕО)

Фан на Атлетик побара гума за џвакање од Анчелоти, реакцијата на Дон Карло е легендарна (ВИДЕО)

Карло Анчелоти направи неколку изненадувања во стартната постава на гостувањето на „Сан Мамес“ и ги остави Лука Модриќ и Тони Крос на клупа, но тоа се покажа како добар експеримент бидејќи Реал на крајот славеше со 0:2.

„Кралевите“ се намачија на секогаш тешкото гостување во Баскија, но успеаја да ја вратат самодовербата и со три освоени бода се упатија кон шпанската престолнина.

На овој начин, Реал го одржа чекорот со Барселона која претходно тесно победи против Хетафе, што прави битката за титулата да биде крајно неизвесна и отворена.

Карло Анчелоти минатата седмица најави дека Реал никогаш нема да се предаде и дека ќе се издигне од мини-кризата во која западна, но додека фановите ја издвојуваат оваа негова изјава, во последните неколку часа посебно споделувано е и едно негово видео од „Сан Мамес“.

Италијанецот е познат по тоа што нервозата и тензијата на фудбалскиот терен ги неутрализира со гуми за џвакање, па еден фан на Атлетик вчера му побара една мастика на тренерот на Реал. Карло одговори како вистински џентлмен и без проблеми позитивно одговори на барањето…..