сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе уловен како го имитира срамниот гест на Мартинез (ВИДЕО)

Мбапе уловен како го имитира срамниот гест на Мартинез (ВИДЕО)

Килијан Мбапе даде џентлменска изјава за провокациите од Емилијано Мартинез по крајот на Светското првенство и посочи дека воопшто не планира да одговара на таквите ниски удари, но сега францускиот напаѓач стана вирален хит поради едно видео кое се појави на социјалните мрежи.

Имено, не само што не се навредува од изјавите и потезите на Дибу Мартинез, Мбапе дури и се шегува поради Аргентинецот со дел од своите соиграчи од ПСЖ, за што доказ е видео материјалот по еден тренинг на „светците“.

Французинот го повторува срамниот гест кој го изведе Мартинез за време на церемонијата на Светското првенство, реакција која брзо се рашири со огромна брзина во светската јавност.

Мартинез ја стави „Златната ракавица“ на интимен дел од телото, а Мбапе очигледно го користи тој гест на Аргентинецот за да изнуди насмевка од своите соиграчи.

По претрпениот шок во финалето, Килијан доби заслужен одмор од ПСЖ и беше испратен на принудна пауза, но сега се врати во стројот на Галтие и се очекува да биде клучен во остварањето на зацртаните цели.