среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дурант доби лекарска дозвола за да продолжи со тренинзите

Дурант доби лекарска дозвола за да продолжи со тренинзите

Кошаркарот на Бруклин, Кевин Дурант добро закрепнува од истегнувањето на лигамент на десното колено, објави инсајдерот Шамс Чаранија.

Триесет и четиригодишниот кошаркар доби лекарска дозвола да продолжи со тренинзите оваа недела. Следниот преглед ќе се одржи за две недели.

Кошаркарот очекува да се врати на терените пред Ол-стар натпреварот (19 февруари) и да учествува на овој настан.

Во тековната НБА-сезона, Дурант има просек од 30 поени, 6,8 скока и 5,4 асистенции со 1,5 блокади за 36,1 минута игра по натпревар.