сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тотенхем потпиша со Арно Данјума

Тотенхем потпиша со Арно Данјума

Евертон се чини го допре дното во преговорите со Арно Данјума, откако овој фудбалер ги договори сите детали за трансфер, но во последен момент се премисли, откако одби да потпише договор со Евертон и на крајот се пресели во Тотенхем.

Крилниот офанзивец на Виљареал доби зелено светло за позајмица до крајот на сезонава, по што пристигна на „Гудисон парк“, дури и се фотографираше во дрес на Евертон и се чекаше само на официјалната промоција.

До неа сепак не дојде откако во трката се вмеша Тотенхем, па „спарси“ набрзина се договорија со Вилјареал, а потоа и го убедија Данјума да не оди во Евертон, туку да му се приклучи на проектот предводен од Антонио Конте.