четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Ѓорѓиевски: Во годината која ни престои ќе се реализираат многу капитални проекти во делот на водоводна и канализациона мрежа, како и во образованието

Ѓорѓиевски: Во годината која ни престои ќе се реализираат многу капитални проекти во делот на водоводна и канализациона мрежа, како и во образованието

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода во своето гостување во емисијата „Утрински брифинг“ укажа и на капитални проекти во оваа општина кои што ќе се реализираат во текот на годината.

-Во Стаклара Каменик сега ќе отпочнуваме со проект кој што е некаде половина милион евра, тоа е водоводна мрежа. Во Пинтија фекална канализација и во останати населени места бајпасирање на она што е недостаток на она што е во изминативе години. Подоцна нова градинка во Расадник во соработка со Министерство за труд и социјална политика, уште еден нов затворен пазар во Драчево, многу поголем од овој во Кисела Вода, рече тој.

Ѓорѓиевски во текот на своето гостување ги посочи и капиталните проекти во делот на училиштата и градинките.

-Имаме сериозни инвестиции во училиштата, во градинките. Јас кога станав градоначалник во градинките на листите на чекање имаше 420 дечиња, во моментов само 80 дечиња се на листа на чекање, а до крајот на годината ќе имаме и слободни места, така да тоа се инвестициите во кои што ќе бидеме насочени оваа година, потенцираше градоначалникот.

На крај Ѓорѓиевски порача дека општина Кисела вода станува се поатрактивно место за живеење.

-Сметам дека Кисела Вода станува едно од поатрактивните места за живеење на скопјани и тоа ќе докажеме до крајот на мојот мандат , додаде градоначалникот Ѓорѓиевски.