петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец во Берово, украдените работи пронајдени и вратени на сопственикот

Приведен крадец во Берово, украдените работи пронајдени и вратени на сопственикот

На 25.01.2023, по преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Берово го привеле В.Р.(58) од Берово. Тој се сомничи дека ноќта помеѓу 24/25.01.2023 извршил „тешка кражба“ во продажен објект, при што одзел повеќе предмети.

На 25.01.2023, со судска наредба, извршен бил претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против В.Р. до надлежното ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.