На 26.01.2023 во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(33) од Куманово.
-Тој се сомничи дека ноќта помеѓу 25 и 26.01.2023 со уште едно лице од магацин на правен субјект на булеварот “Октомвриска револуција” во Куманово одзеле повеќе предмети со вкупна вредност од околу 20.000 евра, информира МВР.
Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициската станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.