четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе на гала вечер со ПСЖ, го гледаше Реал Мадрид на мобилен телефон! (ВИДЕО)

Мбапе на гала вечер со ПСЖ, го гледаше Реал Мадрид на мобилен телефон! (ВИДЕО)

Фудбалерите на ПСЖ синоќа присуствуваа на гала вечера а камерите уловија еден интересен момент, Килијан Мбапе на својот мобилен телефон го гледаше натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид во Копа дел Реј.

Килијан Мбапе минатата година имаше прилика да се пресели во Реал Мадрид, во еден момент практично сите го видоа како нов „галактико“, но Французинот на крајот се предомисли и реши да стави потпис на нов договор со ПСЖ.

Неколку месеци подоцна, почнаа да кружат гласини дека Килијан Мбапе се кае за оваа одлука, не е среќен во ПСЖ и сака да замине, а Реал Мадрид повторно беше посочен како една од можните дестинации.

Дека напаѓачот има посебна конекција со „кралевите“ покажа и едно видео кое се појави на социјалните мрежи. Фудбалерите на ПСЖ синоќа присуствуваа на гала вечера а камерите го уловија Килијан Мбапе како на својот мобилен телефон гледа фудбалски натпревар.

До Французинот седеше Ашраф Хамики, па почна да се пишува дека двајцата ја следеле пресметката помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид во Копа де Реј.

Видеото погледнете го ТУКА