вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен жител на Дебар за доиздржување затворска казна

Приведен жител на Дебар за доиздржување затворска казна

Денеска (27.01.2023) во 15.30 часот на ул.„Козјак“ во Битола, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.К.(29) од Дебар.

Тој бил осуден на 12 години казна затвор за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик, а бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување три години и 11 месеци од казната.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казнатa.