среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Ѓорѓиевски вети дека силно ќе се залага за носење на квалитетни одлуки како претседател на ЗЕЛС

Ѓорѓиевски вети дека силно ќе се залага за носење на квалитетни одлуки како претседател на ЗЕЛС

Управниот одбор на ЗЕЛС доби нов Претседател. На единствен предлог од членовите на УО, Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со големо мнозинство беше избран да го раководи ова тело во наредните три години.

-Денес, мнозинството на членови на Управниот одбор на ЗЕЛС, го даде својот глас и донесе одлука да ме избере за нов претседател на ЗЕЛС, заедницата што ги обединува сите 81 општина во Македонија. Пред се’, сакам да им се заблагодарам на членовите на УО на ЗЕЛС за укажаната доверба и за тоа што во мене препознаа човек кој ќе се залага за поголема стабилност на општините и нивна поголема независност во финансиска смисла. Оттука сакам да потенцирам дека во периодот што е пред нас, силно ќе се залагам за носење на квалитетни одлуки, за поголема децентрализација во духот на демократските процеси, за подеднаков развој на сите единици на локалната самоуправа без разлика на политичката припадност на нивните раководства, од што, секако, најголем бенефит ќе имаат нашите граѓани. Воедно, сакам да се заблагодарам за досегашниот ангжманот на сега веќе поранешниот Претседател на ЗЕЛС, градоначалничката Данела Арсовска, изјави новиот Претседател на ЗЕЛС, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.