среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПОЧЕТОКОТ НА ФЕВРУАРИ НИ НОСИ СНЕГ – еве каква недела не очекува, особено подгответе се за овие два дена! (ФОТО)

ПОЧЕТОКОТ НА ФЕВРУАРИ НИ НОСИ СНЕГ – еве каква недела не очекува, особено подгответе се за овие два дена! (ФОТО)

Времето утре ќе биде променливо облачно, локално ќе има слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Во среда времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во четврток времето ќе биде умерено до значително облачно, кон крајот на денот со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, претпладне со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Најнови вести