Кошаркарите на ТФТ ја остварија осмата победа во македонската Прва лига, рутински против екипата на Чаир, со 87-75.
ТФТ шутираше извонредно за тројка, речиси со 50-процентна успешност, 18 од 38, а најмногу се истакнаа Батрик и Бишоп со по четири.
Батрик беше прв стрелец кај победникот со 24 поени, но најефикасен на мечот беше Френклин од Чаир, кој на 30 поени додаде и 13 скока. ТФТ е четврти со скор 8-5, а Чаир е на 10. место со девет порази и четири триумфи.