четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец по распишана централна потерница

Приведен скопјанец по распишана централна потерница

На 31.01.2023 во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров и Одделението за криминалистички работи Центар Бит Пазар го лишиле од слобода лицето С.А.(42) од Скопје.

-Тој бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, информира МВР.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.