СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.К.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување на оружје или распрскувачки материи“.
На 20.07.2022 на магистрален пат Куманово-Крива Паланка, во возило управувано од пријавениот, полициските службеници пронашле 162 куршуми калибар 22LR и две рамки за пушка, кои неовластено ги поседувал.