среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: СДСМ и ДУИ со брзоплето потпишување на договорот дозволија Бугарија да ја напаѓа македонската историја

Мисајловски: СДСМ и ДУИ со брзоплето потпишување на договорот дозволија Бугарија да ја напаѓа македонската историја

Клучна работа која СДСМ и ДУИ ја згрешија е што брзоплето го прифатија договорот со Бугарија. Една од најважните причини поради кои Македонија не сакаше да го потпише тој договор е заедничката историја. Од таму излегуваат проблемите, тоа е вирусот.

Ова го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Владо Мисајловски, на Алсат телевизија.

-Кога ќе го погледнете тој вирус, постојано ќе има заболување. Самата доктрина и целата бугарска позиција секогаш ќе биде напад кон македонската историја, кон македонските војводи и војсковотци. Тоа никогаш нема да престане, тоа е стратегија и ќе трае многу долго време. Со тоа брзоплето потпишување, Македонија сега има големи проблеми и тоа ќе биде кочница во наредниот период, рече Мисајловски.

Според него, треба партиите да излезат на избори и со своите програми да понудат опции на граѓаните, па народот да одлучи.

-Треба да излеземе со програма пред граѓаните и да ги прашаме нив. Референдумски дали под овие услови сакаат да влеземе во ЕУ или не сакаат. Тоа е многу важно. Кога граѓаните ќе го дадат мандатот, за нас како ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе биде нашата смерница. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, ние произлегуваме од народот, порача тој.

Мисајловски потврди дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт ќе бара подобри решенија за овој проблем.

-Секој политичар од СДСМ кој нешто прифатил сега вели дека „Не може подобро“, „Не може да се преговара, тоа е крајно“. Сите политичари кои ова го бранеа и си заминаа од функција, а има многу такви, сега престанаа да го бранат тоа. Мораме да бараме решение за сите проблеми, но тие решенија не смеат да задираат во тоа што е најважно за македонските граѓани и сите граѓани во Македонија. Ние сме против промена на Уставот, но тоа не значи дека ние не сакаме да бидеме дел од Европа, порача тој.

Најнови вести