среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Давитков по 15 години се врати во Македонија

Давитков по 15 години се врати во Македонија

Поранешниот македонски кошаркарски селектор, Јорданчо Давитков по 15 години повторно ќе има тренерски ангажман во Македонија, ќе биде тренер на Струмица.

Во изминатите години Давитков работеше главно на истокот, во Обединетите Арапски Емирати и Кувајт, а беше и во Исланд. Последна работа во Македонија му беше токму во Струмица.

Давитков ќе има тешка задача да остане во најдобрата лига со Струмица која е на последното место на прволигашката табела со само две победи.

Своето деби на клупата на Струмица тој ќе го има вече на 5. февруари на гостински терен кај Феникс 2010.