четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар се засили со тројца фудбалери од Пелистер

Македонскиот шампион Вардар пред почетокот на зимските подготовки, се засили со три нови фудбалери.
Вардар се засили со тројца фудбалери од Пелистер

„Црвено-црните“ денеска соопштија дека досегашни фудбалери на Пелистер, Кристијан Тошевски, Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски потпишаа тригодишни договори со Вардар.

Тошевски (23) во досегашниот тек на кариерата настапуваше во Тетекс и во Пелистер. Тој во неколкуте квалификациски натпревари беше и стандарден член на македонската репрезентација за која има четири настапи. Игра на позицијата десен бек.

21-годишниот Попзлатанов во сениорска конкуренција играше за Тетекс и Пелистер. Настапува на позицијата десно крило, но може да игра и како десен бек. Тој е актуелен младински репрезентативец на Македонија, член на селекцијата до 21 година.

Својата кариера Цветаноски (20) ја почна во Македонија ЃП, а на почетокот на оваа сезона се пресели во таборот на Пелистер. Тој е офанзивен играч кој што настапува и на левата и на десната страна, а игра и во средината како полушпиц.