вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Никола Карабатиќ потпиша нов договор со ПСЖ

Никола Карабатиќ потпиша нов договор со ПСЖ

ПСЖ објави дека ја продолжува соработката со Никола Карабатиќ за уште една сезона. Искусниот ракометар ќе му биде на располагање на Раул Гонзалес до јуни 2024.

Актуелниот договор на 38-годишниот ветеран истекуваше на крајот од сезонава, но двете страни се договорија на продолжување на соработката до јуни 2024 година, со што Карабатиќ е чекор поблиску до исполнувањето на големата желба – кариерата да ја заврши со настап на Олимписките Игри што следната година ќе се одржат токму во Париз.

„Моите желби се поклопуваат со оние на клубот, затоа и немавме многу проблеми за да се договориме. Низ годините го поставивме ПСЖ како еден од водечките тимови во Европа и чест ми е што уште една година ќе го продолжиме заедно тој тренд“, изјави Карабатиќ по потписот на договорот.