вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Бидете внимателни: Вакви измами се чести во Македонија, еве на што наседнал маж од тетовско

Бидете внимателни: Вакви измами се чести во Македонија, еве на што наседнал маж од тетовско

На 03.02.2023 во 15:45 часот во СВР Скопје, 53-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 денари.

Според пријавеното, лицето му се јавило и побарало од него да изврши работи во неговата куќа во скопско село.

Откако се договориле, лицето повторно му се јавило и побарал на негов соработник да му даде 14.000 денари. Пријавителот се сретнал со лицето соработник му ги дал парите, а откако пристигнал во селото го побарал телефонски, но тој не бил достапен по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.