понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Потер: Кога имате скапи засилувања, секогаш ќе се дискутира за нивниот квалитет

Потер: Кога имате скапи засилувања, секогаш ќе се дискутира за нивниот квалитет

Менаџерот на Челзи Грем Потер сепак не беше така критичен кон своите фудбалери.

„Имавме добра атмосфера. Играчите вредно играа еден за друг против организиран тим како Фулам. Дел од нашите нашите фудбалери се вратија по повреди, дел се нови, па ни треба време да се воиграме. Чувствувам дека имаме многу силна група на играчи. За нас е важно да се подобриме. Новите играчи се прилагодуваат на нова земја и нова лига. Не е едноставно. Кога се плаќаат големи пари за играчите, секогаш ќе се поставуваат прашања за нивниот квалитет“, изјави Потер.

Челзи е на деветти во Премиер лигата со 30 бода, а Фулам се искачи на шестата позиција на првенствената табела со 32 бода.