среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Измамен маж: Платил огромна сума за пелети, останал и без нив и без пари

Измамен маж: Платил огромна сума за пелети, останал и без нив и без пари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Л.(49) од с.Лисичани, општина Пласница, поради постоење основано сомнeние за сторено кривично дело „измама“.

Тој, со лажно прикажување, го довел во заблуда А.Т. од Охрид и му понудил пелети за огрев.

Потоа, му испратил и две фактури, кои оштетениот ги платил во вкупен износ од 327.712 денари, но не ја добил нарачката.