петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Заедничка кандидатура на четири земји за организација на СП во фудбал

Заедничка кандидатура на четири земји за организација на СП во фудбал

Аргентина, Чиле, Парагвај и Уругвај во вторникот официјално поднесоа заедничка кандидатура за домаќинство на Светското првенство во 2030 година, барајќи турнирот да се врати „таму каде што е роден фудбалот“, 100 години по одржувањето на првото Светско првенство во Монтевидео.

За време на церемонијата во Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), на официјалните лица од четирите земји им се придружи Алехандро Домингез, претседател на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), кој рече дека се надева оти ФИФА може да покаже „гест на почит“ кон регионот ќе и дозволи да биде домаќин на турнирот.

„Светското првенство во 2030 година не е само уште едно Светско првенство, тоа заслужува да се слави, со јубилеј по повод 100 години“, рече Домингез. „Ние веруваме дека ФИФА има обврска да го почитува споменот на оние кои дојдоа пред нас и веруваа во големината и го направија првото светско првенство“.

Претседателот на АФА, Клаудио Тапија додаде: „Како светски шампиони, го започнуваме овој проект кој е сон на сите Јужноамериканци. Не само за стогодишнината од првото издание, туку и поради страста со која го живееме фудбалот“.