НБА клубот Феникс до крајот на неделата ќе добие нов сопственик откако беше одобрена продажбата на клубот на милијардерот Мат Ишбиа. Покрај Санс тој ќе ја купи и женската екипа Феникс Меркјури во пакет вреден четири милијарди долари.
Ишбиа доаѓа на местото на Роберт Сарвер кој беше принуден да го напушти клубот по тужбата за сексуално вознемирување на десетина вработени, викање, пцуење, како и користење на расистички говор кон нив.
За истото тој беше суспендиран од страна на НБА лигата како и казнет со 10 милиони долари бидејќи истрагата ја потврди неговата вина.