петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Радост, аплауз, благослов: Цело семејство е извлечено од урнатините во Сирија (ВИДЕО)

Радост, аплауз, благослов: Цело семејство е извлечено од урнатините во Сирија (ВИДЕО)

Спасувачите и цивилите вриснаа од радост откако цело семејство беше извлечено живо од урнатините на зградата во Сирија која се урна поради силниот земјотрес во Турција во понеделникот.

Снимките споделени од Белите шлемови го покажуваат среќниот момент и радоста од спасувањето на човечки живот.

Прво, таткото излегува од урнатините на носилка. По него, екипите вадат две мали деца – момче и девојче. Ги креваат децата високо во раце за да им покажат на сите дека се неповредени. Се слушаат извици на радост, аплаузи и благослов.

Огромниот број луѓе им овозможија на екипите да ги пренесат повредените со амбулантно возило и да им укажат прва помош. По пат странци ги бакнуваат децата.

Семејството помина повеќе од два дена под урнатините на зградата во Бисина, Сирија. Најмалку 2.500 луѓе загинаа во смртоносниот земјотрес.