Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Ал Ахли од Египет со 4:1 (1:0) и со тоа се пласираа во финалето на Светското клупско првенство.
Водечкиот гол за Шпанците беше дело на Винисиус Жуниор во 42 минута, а на стартот од вториот дел, во 46 минута Федерико Валверде го зголеми водството.
Ал Ахли не се предаваше, па во 65 минута Али Малуи од пенал намали на 2:1. Но, до крајот не само што не успеаја да израмнат, туку примија уште два гола.
По промашениот пенал на Модриќ во 87 минута, Родриго во 92 минута постигна гол за 3:1 на асистенција на Дани Себаљос. Конечниот резултат го постигна 21-годишниот Серхио Арибас во осмата минута од судиското надополнување.