Новиот проект на Реал Мадрид ќе се гради околу Герет Бејл, тврди шпанскиот весник „АС“.
Според информациите на весникот, по заминувањето на Кристијано Роналдо од „кралскиот“ клуб, велшката ѕвезда веќе не размислува за заминување од „Бернабеу“.
Како што е познато, поранешниот играч на Тотенхем не можеше да се избори со конкуренцијата и не беше тајна дека бараше друго поле за докажување.
Освен тоа, се тврдеше дека репрезентативецот на „змејовите“ не се согласува добро со Зинедин Зидан. Сепак, неговото изненадувачко напуштање и преземањето на тимот од Лопетеги, како и разделбата со Роналдо, сега отвора нови шанси за Бејл да го покаже целиот свој потенцијал.
МИА