вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Евролига: Гостински победи за Партизан и Црвена Звезда

Евролига: Гостински победи за Партизан и Црвена Звезда

Српските кошаркарски тимови Партизан и Црвена Звезда на гостински терен ги одиграа своите натпревари од Евролигата, а двата тима дома се враќаат со победа.

Звезда по еден драматичен натпревар беше подобра од Макаби Тел Авив со 89:86 и така составот предводен од Душко Ивановиќ стави крај на четирите порази во низа. Црвено-белите заслужено дојдоа до победата затоа што најголем дел од натпреварот имаа водство.

Најефикасен кај Звезда беше Немања Недовиќ кој постигна 28 поени, додека Вејд Болдвин за Макаби постигна 38 поени.

Партизан одигра фантастичен натпревар на гости кај Баерн Минхен со 82:71, а мора на овој натпревар да се истакне и одличното навивање на „гробарите“ кои во текот на целиот натпревар го бодреа својот клуб. Скоро цел натпревар црно-белите беа во предност, додека на почетокот на последната четвртина предноста беше и „плус 20“ (67:47). Кевин Пантер постигна 18 поени за Партизан, а Сили со 11 беше најефикасниот кај германскиот тим.

За Партизан ова беше 13-та победа во Евролигата со која се искачи до шестата позиција, додека Звезда со учинок од 11 победи и 13 порази е на 13-тата позиција.

Во преостанатиот натпревар кој се играше вечерва Барселона со 75:92 беше подобра на гостински терен против Виртус Болоња.