недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Соле го продолжи договорот со ПСЖ

Соле го продолжи договорот со ПСЖ

Десното крило на шпанската машка ракометна репрезентација Феран Соле, го продолжи договорот на уште една сезона со францускиот првак ПСЖ и ќе остане во Париз најмалку до јуни 2024 година.

Тој дојде од Гранољерс во 2020 година и се наметна како еден од најдобрите стрелци во тимот на шпанскиот стратег Раул Гонзалес.

Словенечкиот среден бек Алекс Влах, пак според пишувањата на „Дело“ би требало да биде нов играч на данскиот Алборг.

Влах игра одлична сезона во дресот на Целје во Лигата на шампионите и би бил големо засилување за шампионот на Данска, кој има големи амбиции во Лигата на шампионите.