вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден на Кеј, бил удрен од автомобил

Пешак тешко повреден на Кеј, бил удрен од автомобил

Стружанец заработил тешка повреда откако синоќа околу 23:35 часот бил удрен од автомобил на кеј „13 Ноември“.

Од МВР информираат дека автомобил „сеат толедо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.С.(55) од Скопје, удрил во пешакот И.Ш.(49) од Струга.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.