недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Ова е Ирмак, загинатата ќерка на таткото кој го трогна светот – Била кај баба и’, ја пронашле по три дена

ФОТО: Ова е Ирмак, загинатата ќерка на таткото кој го трогна светот – Била кај баба и’, ја пронашле по три дена

Таткото кој по страшниот земјотрес ја држеше за рака својата ќерка, која загина под урнатините во Кахраманмарас, го трогна целиот свет, а таа фотографија стана култен симбол на земјотресот.

Болниот Месут Ханчер открива дека неговата ќерка останала во куќата на нејзината баба, која била уништена од земјотресот таа ноќ.

Ожалениот татко кој го погреба Ирмак Лејла за турски Си-Ен-Ен и Канал Д раскажа што се случило тој ден.

– Се чувствував многу лошо тој ден. Дојдов штом слушнав. Се обидов да ја извлечам ќерка ми со свои средства, но за жал не успеав. Болката за детето беше многу силна. Мојата ќерка имаше 15 години. Отишла да ја посети баба и – ја започнал приказната таткото.

Тој објаснува дека 3 дена подоцна наишол на безживотното тело на својата ќерка.

– Под урнатините останаа мајка ми, моите двајца браќа и 7 лица. Немав надеж. Таа загина при првиот земјотрес и немаше шанси да ја спасам. Не можам никому ништо да кажам. Успеавме да стигнеме по три дена до неа бидејќи имаше многу отпад, вели тој.

Девојчето е погребано.