среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе: Ако играме како тим – на Баерн нема да му биде лесно

Мбапе: Ако играме како тим – на Баерн нема да му биде лесно

Со голот на Коман, Баварците извојуваа победа со 0-1 во првиот меч од ЛШ, а Килијан Мбапе двапати погоди за израмнување, но головите оправдано беа поништени заради недозволена позиција.

„Резултатот на крајот се памети, а тој вели дека по девесдесет минути сме во негатива. Можеме да направиме пресврт во Минхен, но мора да веруваме во тоа. Треба да се соземеме, најважно е да се вратиме на потребното ниво за реваншот. Ако играме офанзивно и како тим, на Баерн нема да му биде лесно“, рече Мбапе.