недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пожар во куќа во Куманово: Татко починал, неговите синови повредени

Пожар во куќа во Куманово: Татко починал, неговите синови повредени
илустрација

На 15.02.2023 во 16.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Сава Ковачевиќ“ настанал пожар во куќа сопственост на Ј.М.(69) од Куманово.

-Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починал. Со повреди се здобиле и неговите синови М.М.(33) и Р.М.(44), кои биле пренесени во болницата во Куманово за укажување помош, информира МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Увид бил извршен.