Со нож е избодена 17-годишната Анџела од Ниш.
Според првичните резултати од истрагата Благоје Стојановиќ (75) наводно побарувал од Анџела М. 3000 евра на име на долг, а таа се изјаснувала дека должи само 1.000 евра.
Деталите за овој случај уште се утврдуваат, но според неофицијалните информации, мајката на нападнатата тинејџерка работела кај Благоја.
Имено, до судир дошло во зградата на судот кога девојката дошла да го оправда отсуството на мајката, а таму мажот ја испрскал со бибер спреј.
Кога девојката почнала да вреска, насилникот извадил остар предмет со кој ја избодел во вратот. Веднаш по инцидентот испил киселина и починал.
Медиумите објавија и фотографија од нападнатата девојка.
Повредената девојка има уште две сестри и еден брат. Живеат како потстанари, додека мајката им е во психијатриска установа.