Јувентус не успеа да го победи Нант на домашен терен и ќе има потешка задача во обидот да обезбеди пласман во следната фаза на Лига Европа.
Домаќините не искористија многу шанси, на крајот не добија ниту пенал по ВАР проверката, а на крајот Макс Алегри се налутил и на стручните коментатори во студиото на „Скај Спорт“.
Од нивна страна било сугерирано дека идејата на Алегри се базира на победа од 1:0, што го разбеснило тренерот на „бјанконерите“.
– Никогаш не сум рекол дека сакам да победуваме со 1:0, ме полудувате со вакви глупости.
– Не е точно дека сакам да победуваме на таков начин, се работи за клише, треба само да ја погледнете статистиката на моите тимови кои постигнувале по 80 голови по сезона.
– Нема поента да се жалиме поради резултатот или некоја судиска одлука. Ќе мора да одиграме подобро на реваншот и да го заработиме пласманот во Франција, – изјавил Алегри.