понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Алегри: Медиумите го претворија Јувентус од ривал на Интер за Скудетото во губитник

Алегри: Медиумите го претворија Јувентус од ривал на Интер за Скудетото во губитник

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри побара покоректен однос од медиумите кон неговиот тим кои изминатиот период често го критикуваа.

– Во последните неколку дена од ривали на Интер за Скудето преминавме во аутсајдери, така што треба малку да се избалансира начинот на кој се зборува за нас. Не сакам да кријам дека Интер, Милан и Наполи имаат повеќе ресурси од нас за да ја освојат титулата. Имаме многу играчи без големо искуство, но тие можат да растат. Потребно е трпение и време за да се разберат грешките и да се учи од нив, рече Алегри.

Јувентус синоќа го победи Лече со 1:0 во натпреварот од 6. коло на Серија А.

– Беше важно да се победи, особено по хаотичниот пораз од Сасуоло со 2:4. Бевмесигурни против Лече и не дозволивме да бидеме изненадени, изјави, изјави Алегри за „Football Italia“.

Јувентус е на второто место во Серија А. Во следното коло торинскиот тим на 1 октомври гостува кај Аталанта.