сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога ДУИ се фатени во криминал или им е загрозена власта, ги злоупотребуваат Албанците или се закануваат со војна

ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога ДУИ се фатени во криминал или им е загрозена власта, ги злоупотребуваат Албанците или се закануваат со војна

ДУИ е сатрапот за Албанците во Македонија, како семејството Груби стана сопственик на дуќани од половина милион евра во центарот на Скопје? Секогаш кога ДУИ се фатени во криминал или им е загрозена власта, ги злоупотребуваат Албанците или се закануваат со војна, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски и СДС се само извршители во име на ДУИ.

Груби да не ги злоупотребува Албанците за негово лично богатење, зошто додека тој трупа милиони и Македонците и Албанците, но и сите други се ислеуваат.

Наместо да се повикува на Албанците, кои самиот Груби ги шиканира, да каже до каде е истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово и кој одговараше за тоа? Дали има одговорност за изгорениот автобус во Бугарија? Зошто со брзината со која се купуваат приватни имоти на семејството Груби, не се градат и автопатите Кичево – Охрид и Скопје – Блаце?

Груби да не ја злоупотребува функцијата и да не ги манипулира Албанците, поголем сатрап за Албанците од него нема“ – се наведува во партиското соопштение.

Најнови вести