четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нејмар има повреда на лигаментите, не се знае кога ќе се врати на терените

Нејмар има повреда на лигаментите, не се знае кога ќе се врати на терените

Францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен во луд натпревар успеа да го совлада Лил со 4-3 во дерби натпреварот во Лига 1.

Меѓутоа на овој дуел „светците“ го загубија Нејмар кој поради повреда мораше на носилки да биде изнесен од теренот на „Паркот на принцовите“.

ПСЖ  се огласи со информација во која ја информираше јавноста дека напаѓачот има оштетување на лигаментите, но воедно не извести кога Бразилецот би можел да му биде на располагање на тренерот Галтие.

-Дополнителни тестови потврдија дека Нејмар Жуниор го истегнал зголбот, со некои оштетувања на лигаментите. Нови тестови ќе бидат направени наредната седмица, -порачаа од ПСЖ.