Кошаркарскиот клуб Панатинаикос објави дека го раскина договорот со црногорскиот стратег Дејан Радоњиќ.
Радоњиќ дојде во „зелено-белите“ на почетокот на сезоната, но атинскиот гигант не бележи резултати какви што се очекуваат, па веќе неколку дена се споменува смена, која вечерва и официјално се случи.
Екипата против Армани Милано ќе ја води Христос Серелис. Се шпекулира дека за следната сезона екипата би можела да биде водена од легендарниот Пабло Ласо, екс тренерот на Реал Мадрид кој пред неколку дена ја одби селекторската позиција на Израел.