Македонскиот кошаркарски претставник во АБА2 лигата, тимот на ТФТ Скопје ги засили своите редови со искусниот Марко Симоновски.
Симоновски во изминатиов период имаше неколку авантури во странство во Иран и Франција, односно ова за него е враќање во Македонија и тоа во тимот кој минатата сезона го освои трофеј0т во Купот.
Симоновски дефинитивно треба да биде сериозно засилување за екипата предводена од стратегот Боро Смилковски.