понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД со најмоќна економија во светот, БДП по жител 60.000 долари

САД со најмоќна економија во светот, БДП по жител 60.000 долари

САД имаат технолошки најмоќна економија во светот со бруто домашен производ по жител од околу 60.000 долари, пишува хрватски „Индекс“.

Американските компании се водечки во многу области: ИТ, фармација, медицина, авио-индустрија и воена индустрија.

– Како резултат на тоа, некогаш руралната земјоделска земја стана технолошки лидер во светот. Секторот на услуги е значително зајакнат во споредба со традиционалното производство. Масовното производство е заменето со специјализирани индустрии. Флексибилната и високо квалификувана работна сила е еден од основните фактори за економскиот успех на земјата, пишува „Индекс“.

Американците силно веруваат во слободниот пазар. Економијата главно се определува од пазарните односи, односно од одлуките на приватни лица и компании.

Американските компании уживаат пофлексибилна регулаторна рамка за бизнис од поголемиот дел од остатокот од светот во однос на работните односи, финансирањето и воведувањето нови производи на пазарот.

МИА