сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,8 степени во Таџикистан

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,8 степени во Таџикистан

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени е регистриран во источниот дел на Таџикистан.

Потресот се случил во 05:37 часот по локално време на длабочина од околу 20,5 километри.

Епицентарот бил во автономната област Горна Бадакшан, што се граничи со Авганистан и Кина. Таа територија е ретко населена и е опкружена со огромниот планински венец Памир.