среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Спасената тинејџерка по 248 часа проговори за првпат по преживеаниот пекол под рушевините – од овие зборови ќе се наежите (ВИДЕО)

Спасената тинејџерка по 248 часа проговори за првпат по преживеаниот пекол под рушевините – од овие зборови ќе се наежите (ВИДЕО)

Седумнаесетгодишната Алејна Олмез е извлечена од урнатините 248 часа по разорните земјотреси што ги погодија јужна Турција и Сирија, јавува Анадолија. Таа беше извлечена од под урнатините во населбата Кајабаси во Кахраманмарас.

Алејна моментално се наоѓа на лекување во болница во Анкара, а во средата ја посети турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга Емине. Таа е среќна поради посетата на претседателот и првата дама на Турција.

„Нашиот претседател дојде во посета, се чувствував добро, се чувствувам горда. Убаво е чувството да се има толкава поддршка“, изјави Алејна. Како што рече, поминала низ тежок период.

„Се борев, не сакав да се предадам. Сите ми даваа голема поддршка и ми помогнаа. Ви благодарам многу за се“, изјави Алејна.

Откако Алејна беше извлечена од урнатините, д-р Џенгиз Дилбер рече дека е неверојатно што таа е во толку добра здравствена состојба со оглед на тоа што била под урнатините 248 часа.

„Бевме изненадени што нејзините телесни функции се добри и што функцијата на бубрезите не и е влошена. Тоа е неверојатна работа. Нејзината здравствена состојба е многу добра. Секако дека има трауми“, изјави тогаш Дилбер.