Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против С.Л.(41) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
На 22.02.2023 на граничен премин „Деве Баир“, пријавениот на увид приложил фалсификувани македонска и бугарска возачка дозвола.