недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Стока изгоре, работник повреден: Пожар во фарма во Радовиш

Стока изгоре, работник повреден: Пожар во фарма во Радовиш
илустрација

На 23.02.2023 во 16:40 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во фарма на место викано „Пилав тепе“ – Радовиш, сопственост на И.Ј.(34) од Штип, при што биле опожарени внатрешноста, кровната конструкција и стоката која се чувала на фармата.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат, а притоа со повреди се здобил работникот на фармата И.П.(58) од с.Таринци.

Увид бил извршен.