На 25.02.2023 година пријавено е дека во 11:45 часот, на полувреме од ракометен натпревар одржан во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево, Ј.Ш.(56) од Кичево, го нарушил јавниот ред и мир.
Тој од трибините влегол во спортскиот терен по што, физички го нападнал делегатот на натпреварот, С.Р.(36) од Охрид.
Натпреварот е прекинат и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.