среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Челси без столбот на одбраната неколку недели

Челси без столбот на одбраната неколку недели

Фудбалерот на  Челси Тиаго Силва би можел да паузира најмалку шест недели поради повреда на лигаментите на коленото.

Англискиот гигант ја потврди информацијата за повредата на својот искусен дефанзивец, но не објави колку долго ќе мора да мирува.

Инаку, Силва се повреди на лондонското дерби со Тотенхем кој е што Челзи го загуби со 2-0.

„По повредата на коленото во првото полувреме против Тотенхем, Тиаго беше подложен на скенирања при неговото враќање во клупскиот тренинг центар во понеделникот. Резултатите од скенирањето потврдија повреда на лигаментите и тој сега ќе оди на рехабилитација со медицинскиот тим на клубот за да се врати на терените што е можно поскоро“, се наведува во соопштението на Челзи.